• сабота, 13 јули 2024

Населбата Голеш крај Тиквешко Езеро доби улично осветлување

Населбата Голеш крај Тиквешко Езеро доби улично осветлување
Кавадарци, 29 јуни 2021 (МИА) - Aнгажираната оператива за интервенции на јавното улично осветлување работеше на поставување комплетно ново улично осветлување во населба Голеш лоцирана на Тиквешкото Езеро, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. - Оваа населба досега немаше улично осветлување, а е една од најголемите населби на Тиквешкото Езеро. Во прва фаза се поставени околу 50 столбови, а во наредната фаза ќе се постават и нови светилки. Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за живеење за сопствениците на куќи во оваа населба, како и за туристите кои го посетуваат Тиквешкото Езеро, соопштија од кабинетот на Јанчев. свд/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан