• недела, 09 февруари 2025

Кавадарци ги повика верниците да се пријават за манифестацијата со светиот крст за Водици

Кавадарци ги повика верниците да се пријават за манифестацијата со светиот крст за Водици

Кавадарци, 15 јануари 2025 (МИА) - Кавадаречката локална самоуправа денеска ги повика верниците да се пријават за манифестацијата со светиот крст за Водици.

- Општина Кавадарци и годинава со црквите „Свети Димитрија“ и „Света Петка“, ја продолжува традицијата за положување на светиот крст за прославата на Водици. Покана до сите кои сакаат да учествуваат на овој убав црковен чин, да дојдат во црквата „Свети Димитрија“ и заедно со поворката и свештените лица, со литија да се упатат кон градскиот мост, соопштија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Оттаму потсетија дека настанот ќе се одржи во недела, 19 јануари.

- Положувањето на светиот крст ќе биде од 11 часот во водите на реката Луда Мара, на градскиот мост на улицата „7 Септември“, веднаш по одржувањето на божествената литија, како и во месноста Моклиште од 12 часот. За најсреќните учесници кои ќе го фатат крстот, следуваат пригодни подароци, информираа од градоначалничкиот кабинет. свд/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан