Наполи ќе му понуди нов договор на Инсиње по завршувањето на ЕП
- Наполи ќе му понуди нов договор на капитенот на тимот Лоренцо Инсиње по завршувањето на Европското првенство, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Неапол, 28 јуни 2021 (МИА) - Наполи ќе му понуди нов договор на капитенот на тимот Лоренцо Инсиње по завршувањето на Европското првенство, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Тековниот договор помеѓу фудбалерот и клубот се пресметува до јуни 2022 година.
Прелиминарните преговори меѓу страните не поминаа добро. Наполитанците сакаат да му понудат договор на играчот со намалување на платата, што апсолутно не му се допаѓа на напаѓачот.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 48 милиони евра.
Во сезоната 2020/21, Инсиње играше на 48 натпревари на сите турнири, постигна 19 гола и направи 11 асистенции. зс/