• четврток, 09 јануари 2025

Напаѓачот од Лас Вегас користел вештачка интелигенција при планирањето на нападот

Напаѓачот од Лас Вегас користел вештачка интелигенција при планирањето на нападот

Вашингтон, 8 јануари 2025 (МИА) – Одликуваниот американски војник Метју Ливелсбергер, кој загина во експлозија на „Тесла сајбертрак“ пред хотелот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас, користел генеративна вештачка интелигенција, вклучително и „ЧетЏиПиТи“ (ChatGPT) во планирањето на нападот, соопшти полицијата во Лас Вегас.

Сè уште се испитуваат лаптопот, мобилниот телефон и часовник на 37-годишниот Ливелсбергер, кој пукаше во себе пред да експлодира камионот. Тој на интернет барал информации за експлозиви, за одредена муниција и дали огнометот е легален во Аризона.

Во експлозијата полесно се повредени седум луѓе, но не оштетен хотелот „Трамп Интернешнл“.

Полицијата соопшти дела Ливелсбергер дејствувал сам. Во неговите белешки пронајдено е дека САД „се смртно болнио и оти се движат кон колапс“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан