Наинголан се повреди, неизвесен за првиот натпревар на Каљари по паузата
- Играчот од средниот ред на Каљари, Раџа Наинголан се повреди за време на тренингот на тимот, соопшти прес-службата на клубот.
![Наинголан се повреди, неизвесен за првиот натпревар на Каљари по паузата](https://new.mia.mk/images/20221104003646_big_730x400_81.webp )
Каљари, 10 јуни 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Каљари, Раџа Наинголан се повреди за време на тренингот на тимот, соопшти прес-службата на клубот.
Триесет и двегодишниот Белгиец, поминувајќи ја сезоната во Каљари на позајмица од Интер, заработи оштетување на мускулите. Фудбалерот ризикува да го пропушти првиот натпревар по продолжението на шампионатот Италија-2019/20 против Верона, што е закажан за 20 јуни.
Во сезоната 2019/20, Наинголан има пет голови и шест асистенции на 24 натпревари за Каљари. зс/