• понеделник, 23 декември 2024

Над 70 домашни и меѓународни брендови ќе се претстават на Саемот на мебел во Скопје

Над 70 домашни и меѓународни брендови ќе се претстават на Саемот на мебел во Скопје

Скопје, 20 март 2024 (МИА) - Од денеска до недела во комплексот „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржува Саемот на мебел, на кој ќе се претстават над 70 домашни и меѓународни брендови.

Посетителите ќе имаат можност на едно место да најдат сѐ што им е потребно за да го освежат домот, од едноставен и минималистички мебел до префинети и впечатливи парчиња мебел.

Исто така, секој ќе може да ја искористи ексклузивната можност да добие бесплатен, професионален совет, затоа што архитектонското студио Archx ќе биде дел од Саемот и нивните архитекти на посетителите ќе им дадат соодветни решенија за опремување и дизајн на домот, ќе споделат совети за комбинирање на различни бои и материјали, насоки за максимално да го искористат нивниот простор со идеални димензии, најавуваат организаторите.

Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот во среда, четврток, петок и сабота, а во недела од 10 до 17 часот. Влезницата ќе чини 150 денари или 250 денари за двајца. дма/бак/

Фото: Плакат

Остани поврзан