• сабота, 13 јули 2024

Над 60 луѓе се водат како исчезнати при свлечиште во Непал

Над 60 луѓе се водат како исчезнати при свлечиште во Непал

Катманду, 12 јули 2024 (МИА) – Најмалку 66 лица се водат како исчезнати откако два автобуса паднале во река по лизгање на земјиштето во Непал.

Спасувачките екипи се обидуваат да ги лоцираат автобусите, но силниот дожд ги попречува нивните напори. Во едниот автобус имало 24 лица, а во другиот 42.

Патот што води до местото на несреќата е блокиран на неколку места поради лизгање на земјиштето.

Сезоната на монсуните, што почнува во јуни и завршува во септември, носи обилни врнежи во Непал, кои обично предизвикуваат лизгање на земјиштето. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан