Над 500 домашни и странски тркачи ќе учествуваат во трката Водно-Матка Треилс
- Над 500 тркачи, меѓу кои домашни и од повеќе земји од Европа ќе учествуваат на трката во планинско трчање Водно-Матка Треилс што ќе се одржи утре на падините на планината Водно и во кањонот М
Скопје, 1 април 2022 (МИА) - Над 500 тркачи, меѓу кои домашни и од повеќе земји од Европа ќе учествуваат на трката во планинско трчање Водно-Матка Треилс што ќе се одржи утре на падините на планината Водно и во кањонот Матка.
Трката во планинско трчање Водно-Матка Треилс е составена од три трки, Водно - Матка со должина од 40 километри, Водно Треил со должина од 27 километри и Водно ИзиРан - трка долга 10 километри.
На трката ќе учествуваат тркачи од Србија, Грција, Бугарија, Косово, Албанија, но и од Велика Британија, Полска, Турција, Унгарија, Германија, Холандија, Шведска, Шпанија, Словенија и други.
Водно-Матка Треилс е во организација на Здружението за планинско трчање „ТРЕКС“ од Скопје и се организира пета година по ред.
Оваа година, покровител на настанот е Град Скопје, а генерален спонзор е Халкбанк АД Скопје.ар/са/