• понеделник, 06 мај 2024

Над 30 отсто од гласачите го оствариле правото во Делчево и Македонска Каменица до 15 часот

Над 30 отсто од гласачите го оствариле правото во Делчево и Македонска Каменица до 15 часот

Делчево, 24 април 2024 (МИА) - Во Делчево и Македонска Каменица до 15 часот во првиот круг од претседателските избори, правото на глас го оствариле 7.599 граѓани. Процентот на излезеност до 15 часот во Делчево изнесува 37 проценти, додека во Македонска Каменица - 33, 68 отсто.

- Во Делчево до 15 часот имаат гласано 5.362 гласачи, што е вкупно 37 проценти. Гласањето се одвива во најдобар ред без никакви проблеми, соопштија од ОИК Делчево.

Во Македонска Каменица до 15 часот гласале 2.237 лица.

- Процентот на граѓани на Македонска Каменица кои го искористиле своето право на глас до 15 часот, на првиот круг од претседателските избори, изнесува 33,68 отсто, информираа од ОИК Македонска Каменица. 

Гласањето се одвива без проблеми и во оваа општина. вс/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан