• четврток, 11 јули 2024

Над 12 часа прекин во снабдување со електрична енергија во тетовско Брвеница

Над 12 часа прекин во снабдување со електрична енергија во тетовско Брвеница

Тетово, 14 јули 2023 (МИА) - Делови од тетовското село Брвеница втор пат за една недела над 12 часа немаат снабдување со електрична енергија. Поради дефект од 23 часот синоќа е во прекин снабдувањето со електрична енергија.

- До кога ќе се си играат со струјата во Брвеница. Пред три дена немаше повеќе од 10 часа, сега пак. Ноќеска на десетина пати се прекинуваше и снема струја со часови. Поради неработење на фрижидерите се расипуваат производите, како во домаќинствата така и во продавниците, се пожалија мештаните.

Од електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија велат дека за прекинот во снабдувањето синоќа во 23 часот проблемот е во подземен кабел. Се лоцира со мерна кола, потоа треба да се копа, па да се санира дефектот.

- Во Брвеница настанал дефект на подземен кабел. Екипите на Електродистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот, информираше портпаролот на ЕВН Македонија Вјоса Селими. 

Првиот дефект се случил во вторникот, 11 јули околу 11 часот, а бил отстранет во текот на вечерните часови. ас/мд/

фото: МИА архива 

Остани поврзан