• понеделник, 26 август 2024

Над 100 луѓе евакуирани во пожар во зграда во Лондон

Над 100 луѓе евакуирани во пожар во зграда во Лондон

Лондон, 26 август 2024 (МИА) – Над 100 лица се евакуирани од станбен блок во источен Лондон, откако огромен пожар ноќеска ја зафати зградата, а 225 пожарникари се справуваат со огнот.

Четириесет противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат пожарот на Флешвотер роуд, во населбата Дагенхам, што избувна синоќа во 2.44 часот, јавува Мирор.

Засега нема информации за повредени или за причината за пожарот.

Началникот на противпожарната служба Алан Бендел, кој се наоѓа на местото на пожарот, изјави дека поради густиот чад граѓаните кои живеат во близина не треба да ги отвораат прозорците и вратите.сд/

фото:Х

Остани поврзан