• понеделник, 22 јули 2024

Надал: Олимпијадата е најважниот спортски настан, се надевам дека ќе ја најдам потребната енергија

Надал: Олимпијадата е најважниот спортски настан, се надевам дека ќе ја најдам потребната енергија

Мадрид, 22 јули 2024 (МИА) – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал проговори за претстојното учество на Олимпијадата во Париз каде ќе игра во двојки со Карлос Алкараз.

-Среќен сум што сум дел од тимот на олимписки спортисти и што ја претставувам Шпанија. Ова е најважниот настан во спортот, се надевам дека ќе ја најдам потребната енергија и ќе одработам добри тренинзи, изјави Надал за шпанските медиуми.

Тениските натпревари на Олимписките игри во Париз (Франција) ќе се одржат од 27 јули до 4 август.

Дваесет и двократниот победник на Грен слем во својата богата кариера има освоено 92 титули на АТП турнири. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан