• понеделник, 23 декември 2024

Надал: Не сум во добра форма

Надал: Не сум во добра форма
Мадрид, 4 февруари 2021 (МИА) - Вториот рекет на светот, Рафаел Надал, зборуваше за неговата физичка состојба и ги именуваше своите цели за блиска иднина. - Не велам дека сум во ужасна форма, но не сум доволно добар за играње. На крајот од еден од моите тренинзи, почувствував напнатост во долниот дел на грбот. Но, секој ден се лекувам и верувам дека ситуацијата ќе се подобри. Веќе сум подобар, но сè уште не сум подготвен за интензивни натпревари, бидејќи во нив треба да ја дадете целата своја сила и да дадете сè од себе. Ајде да видиме како сè ќе се развива, изјави Надал. Главната цел сега е да се обидам да закрепнам. Мислам дека имав добра претсезона и ја започнав новата сезона со најголем ентузијазам, додаде Шпанецот во изјавата за „Тенис365“. На 2 февруари, Надал објави дека ќе го пропушти првиот натпревар на АТП-купот против Австралија поради проблеми со грбот. зс/

Остани поврзан