• четврток, 08 август 2024

Надал нема да игра на УС Опен

Надал нема да игра на УС Опен

Мадрид, 8 август 2024 (МИА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да го прескокне УС Опен 2024.

- Решив да не учествувам на УС Опен оваа година, иако имам неверојатни спомени од овој Грен слем. Ќе ги пропуштам овие жестоки и специјални вечерни натпревари на терените на „Артур Еш“. Мислам дека нема да можам да го покажам најдоброто од себе, информира Надал преку социјалните мрежи.

Триесет и осумгодишниот Шпанец истакна дека неговиот следен турнир ќе биде Лејвер купот во Берлин.

УС Опен ќе се игра од 26 август до 8 септември во Њујорк. Надал четири пати го освои трофејот - во 2010, 2013, 2017 и 2019 година. Вкупно има 22 победи на Грен слем турнирите.

На Олимпијадата во Париз, Надал и Карлос Алкараз стигнаа до четвртфиналето на турнирот во двојки, каде шпанското дуо загуби од Американците Остин Крајичек и Ражив Рам (2:6, 4:6). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан