• сабота, 23 ноември 2024

Набавката на софтверот не е без причина, постои писмена комуникација меѓу Генералниот секретаријат и МВР, вели премиерот

Набавката на софтверот не е без причина, постои писмена комуникација меѓу Генералниот секретаријат и МВР, вели премиерот
Скопје, 10 март 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев вели дека набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци, кој лани го набавил поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, не е без причини и оти постои писмена комуникација меѓу Генералниот секретаријат на Владата и МВР. Најави дека наредните денови ќе бидат објавени детали за набавката.
- Прво не е ништо без причина направено. Има причинско-правни последици зошто е тоа правено. Со документи ќе ви покажеме зошто е набавен софтвер којшто може да се употребува во МВР. Постои писмена комуникација помеѓу двете институции – Генерален секретаријат и МВР. Спроведен е тендер со проектирани 8 милиони денари, падната е цената на некои 5 милиони денари заради наддавањето. Учествуваат компании коишто се капацитетни од Република Северна Македонија. И самиот софтвер има конечна цел – употребна вредност на улиците. Се работи за објект којшто снима 360 степени со казните, благодарение на претходни длабински анализи за потребата каков да биде. Така што јас реков овие денови ќе ги соопштат сите детали и документи. Ова е правено со причина. Не ни текнало така нас, ние седејќи во Владата ќе правиме софтвер. Имало потреба за тоа заради тоа што е дел од сите политики и процедури поврзани со соодветните министерства, вели Заев на новинарско прашање по посетата на „Скопје Ист Гејт“.   Според него, ако не го користат сега можеби во иднина ќе го користат и повтори дека деталите ќе ги соопштат службите. -Знам дека е правено со причина. Друго нема, чуму ние би правеле софтвер ако немало некоја причина заради МВР, нема зошто тоа да се прави. Убеден сум дека самиот софтвер изнаоѓа практична примена во безбедноста на сообраќајот, рече Заеввг/ац/

Остани поврзан