• петок, 22 ноември 2024

Муцунски на покана на Блинкен учествуваше на Конференцијата на глобалната коалиција за борба против ИСИС

Муцунски на покана на Блинкен учествуваше на Конференцијата на глобалната коалиција за борба против ИСИС

Скопје, 30 септември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, денеска во Вашингтон учествувал на Конференцијата на глобалната коалиција за борба против ИСИС.

Како што соопштија од МНР, министерот Муцунски во своето обраќање се осврнал на улогата на земјава во борбата против ИСИС и тероризмот во глобални рамки.

- За целосна победа над ИСИС, што е и единствена цел на оваа Коалиција се потребни  координирани и сеопфатни напори, како држава сме целосно посветени на борбата против ИСИС и активно учествуваме во напорите на Коалицијата, истакнал Муцунски.

Во рамки на Конференцијата, што се одржува на министерско ниво, учесниците разговарале за можните опции и транзицијата на воените операции на Коалицијата, за континуираните закани и предизвици, а ја реафирмирале и важноста на засилените цивилни напори и прашањето на репатријацијата.цр/лв/

Фото: МНР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан