• петок, 05 декември 2025

Муцунски во Белфаст се сретна со министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство, Ивет Купер

Муцунски во Белфаст се сретна со министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство, Ивет Купер

Белфаст 8 октомври 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вечерва на Фејсбук објави дека во пресрет на состанокот на шефовите на дипломатиие во рамки на Берлинскиот процес во Белфаст имал средба со министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство, Ивет Купер.

-Во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, разговаравме за политичките односи меѓу двете земји, стратешката соработка и идните билатерални активности, напиша Муцунски.

Министерот додаде дека разговарале и за регионалната стабилност, европската безбедност и интеграцијата на регионот во Европската Унија. ац/

Фото: ФБ на Тимчо Муцунски

Остани поврзан