• вторник, 07 април 2026

Украинската амбасадорка во посета на Штип

Украинската амбасадорка во посета на Штип

Штип, 6 април 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска беше домаќин на амбасадорката на Украина, Лариса Дир. На средбата се разговараше за можностите за соработка во периодот што следува, на економски и културен план, како и во областа на науката и образованието. 

- Се отвори и прашањето за можни збратимувања со украински градови, како и за продлабочување на соработката во делот на термалните извори, со цел поефикасно искористување на природните ресурси и потенцијали. Во периодот што следува, се очекува конкретизирање на соработката меѓу Општина Штип и Украина, соопштија од Општина Штип.

Амбасадорката на Украина, Дир го посети и Заводот за заштита на споменици-Музеј на град Штип, каде што ги разгледа поставките и се запозна со историјата на градот Штип низ вековите, како и традициите и начинот на живот на нашите предци. вдј/са/

Фото: МИА

Остани поврзан