• недела, 22 декември 2024

Муртезани: На 18 ноември билатерална средба меѓу владите на Северна Македонија и Косово во Приштина

Муртезани: На 18 ноември билатерална средба меѓу владите на Северна Македонија и Косово во Приштина

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани попладнево соопшти дека на 18 ноември во Приштина ќе се одржи билатерална средба меѓу владите на Северна Македонија и Косово.

Муртезани во интервју за „Лајм“ потенцира дека важноста на оваа посета е зајакнувањето на соработката и стабилноста на регионот.

-На 18 ноември Владата на Република Северна Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоскиќе ќе претстојува во посета на Приштина, за билатерална средба влада со влада. Оваа посета е доказ за јасната ориентација на Владата кон регионалната соработка и зајакнување на односите со Косово, отфрлајќи ги обвинувањата и клеветите на албанската опозиција дека новата влада е ориентирана кон Србија. Со оваа волја паѓаат во вода сите тие обвинувања од опозицијата, особено албанската, кои се обидуваат да го покријат стравот од прифаќање на фактот дека се во опозиција продавајќи магла дека Северна Македонија е ориентирана кон Србија, рече Муртезани, стои во информацијата од политичката партија Алтернатива од коалицијата „Вреди“. фф/лв/

Фото: МИА Архива

 

 

 

Остани поврзан