• петок, 22 ноември 2024

Мурињо ја обвини управата на Фенербахче: Да ми ја раскажеа целата приказна за судиите, немаше да дојдам

Мурињо ја обвини управата на Фенербахче: Да ми ја раскажеа целата приказна за судиите, немаше да дојдам

Истанбул, 4 ноември 2024 (МИА) - Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо ја критикуваше арбитражата во турскиот шампионат. Ова се случи по натпреварот од 11. коло против Трабзонспор (2:3).

-Ја обвинувам управата на Фенербахче што ме донесе овде, ми кажаа само половина за ситуацијата овде. Да ми ја раскажеа целата приказна за судиите, немаше да дојдам овде! Јас не сум Турчин, вие Турците, не ја оставајте вака оваа ситуација!, вели Португалецот, цитиран од „Луисбанш“.

Неговиот Фенербахче е втор на табелата со 23 бода од 10 натпревари. Лидер е Галатасарај со 28 бодови. дс

Фото: Архива

Остани поврзан