• недела, 22 декември 2024

Мурињо се ослободи од поранешен играч на Ливерпул

Мурињо се ослободи од поранешен играч на Ливерпул

Истанбул, 18 октомври 2024 (МИА) - Фенербахче го ослободи играчот од средниот ред Рајан Кент. 26-годишниот фудбалер не беше во плановите на Жозе Мурињо и од почетокот на сезоната одигра само еден натпревар за „канаринците“.

Договорот на Кент е раскинат со заедничка согласност и тој ќе мора да почека до јануари пред да може да игра за друг клуб.

Фенербахче го ангажираше Рајан Кент во летото 2023 година од Ренџерс на слободен трансфер.

Англичанецот има настапувано и за Ливерпул, Ковентри, Бристол Сити и Фрајбург. дс

Фото: Архива

Остани поврзан