• петок, 22 ноември 2024

Мурињо е убеден дека Тотенхем не е за Лига Европа, туку дека заслужил пласман во Лигата на шампионите

Мурињо е убеден дека Тотенхем не е за Лига Европа, туку дека заслужил пласман во Лигата на шампионите
Лондон, 17 јули 2020 (МИА) – Жозе Мурињо е разочаран поради тоа што неговиот тим Тотенхем следната сезона нема да биде дел од Лигата на шампионите. - Заслужуваме да завршиме во позиција што ни овозможува да учествуваме во европски натпреварувања. Сепак, Лигата на Европа не е турнир на наше ниво. Ние сме подобри, но фудбалот не е тоа што го заслужувате, туку тоа што го добивате. Ни треба победа во двата преостанати натпревари. Смешно е да им кажам на играчите: „Ни требаат две победи за влез во Лигата на Европа“. Знам дека ова е добар турнир, има силни тимови, вклучително и од Лигата на шампионите, само се обидувам да ги мотивирам играчите, бидејќи наше ниво е Лигата на шампиони. Невозможно е Шефилд, Вулв или Арсенал да имаат поголема мотивација. Како и да е, да играте во Лигата на Европа, може да биде одлично искуство за младите играчи кои се премногу рано да играат во ЛШ, изјави Мурињо. На две кола пред крајот на шампионатот на Англија 2019/20 Тотенхем го зазема 7. место на табелата со 55 бода. зс/

Остани поврзан