Мурињо го објасни смеењето со Дибала по замената на Аргентинецот
- Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, зборуваше за дијалогот со напаѓачот Пауло Дибала по замената на натпреварот од 4. коло на Италијанското првенство против Монца (3:0).
Рим, 31 август 2022 (МИА) - Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, зборуваше за дијалогот со напаѓачот Пауло Дибала по замената на натпреварот од 4. коло на Италијанското првенство против Монца (3:0).
Откако го замени Аргентинецот, Мурињо му пријде и почнаа да се смеат.
- Минатата сезона, кога за Јувентус играше овде, на Олимпико и беше сменет, му пријдов и му реков: „Многу си добар, момче“. И денес му го кажав истото. Се насмеавме затоа што и двајцата се сетивме на тој момент. Честопати има таленти кои се изолирани во тимот, но Пауло е голем талент кој игра со и за тимот. И покрај тоа што не е изграден да игра во одбрана, тој помага и таму, го цитира „ДАЗН“ Мурињо.
Дибала на мечот со Монца постигна два погодоци.
Рома е лидер во италијанската лига со 10 бода. Во следното коло Римјаните ќе играат на гости кај Удинезе на 4 септември. зс/