• понеделник, 23 декември 2024

Мундијалот во 2022 година може да го мотивира Венгер да се врати на фудбалот

Мундијалот во 2022 година може да го мотивира Венгер да се врати на фудбалот
Лондон, 29 јули 2021 (МИА) – Францускиот фудбалски стручњак Арсен Венгер е меѓу кандидатите за преземање на репрезентацијата на Швајцарија, објавија некои британски медиуми. Поранешниот тренер на Арсенал е надвор од професионална работа во фудбалот веќе три години. Тој во 2018 година го напушти премиерлигашот од Лондон на крајот на сезоната и неколку пати одби добри понуди. Седумдесет и едногодишниот специјалист во моментов е претседател на Глобалниот фудбалски развој во ФИФА. Се шпекулира дека претстојното Светско првенство во Катар во ноември и декември следната година, може да биде мотивација Венгер да се врати на тренерската работа. Швајцарците досега ги предводеше Владимир Петковиќ, но српскиот тренер во иднина прифати да биде шеф на стручниот штаб на францускиот прволигаш Бордо. зс/

Остани поврзан