Муксес - нов фудбалски геј-клуб во Мексико
- Муксес е основан пред една година и именуван по домородните трансродови лица кои со векови биле дел од јужномексиканските заедници. Клубот нуди, пред сѐ, простор во спортот за ЛГБТ заедницата
Мексико Сити, 27 октомври 2020 (МИА) - Фудбалскиот тим Муксес од Мексико Сити има за цел промовирање на поголема вклученост на ЛГБТ заедницата, сметајќи на огромната љубов на Мексиканците кон најпопуларниот спорт во Латинска Америка.
Муксес е основан пред една година и именуван по домородните трансродови лица кои со векови биле дел од јужномексиканските заедници. Клубот нуди, пред сѐ, простор во спортот за ЛГБТ заедницата, во нацијата од 126 милиони жители.
- Во нашата држава има многу предрасуди!, смета 47-годишниот фудбалер Хесус Трехо.
Муксес имаат црни дресови и лого со роза и фудбалска топка. Нивни спонзори се „Најки“. Основачот Хереми Олета вели дека клубот планира да создаде и женски фудбалски тим, што би било уште поинклузивно.
- Да се игра во ЛГБТ екипа е различно. Никој никого не дискриминира, иако не се сите играчи хомосексуалци, рече 25-годишниот фудбалер Умберто Рамирес.
Во Мексико има повеќе фудбалски ЛГБТ клубови. си/гт/