Музичкото училиште „Панче Пешев“ Куманово ќе запишува ученици до крајот на септември
- Надлежните од основното музичко училиште „Панче Пешев“ Куманово ги повикаа учениците да се запишат во учебната 2022/2023 година. Уписот ќе трае до крајот на септември, а можат да се запишат у
Куманово, 20 септември 2022 (МИА) - Надлежните од основното музичко училиште „Панче Пешев“ Куманово ги повикаа учениците да се запишат во учебната 2022/2023 година. Уписот ќе трае до крајот на септември, а можат да се запишат ученици од шестгодишна возраст. Според програмата тие изучуваат теорија на музика, а веќе од идната година избираат инструмент.
- Поголемите ученици можат да се запишат на теорија на музика и на инструментите пијано, хармоника, виолина, гитара, кларинет, саксофон, соло пеење. Од оваа година новитет во училиштето се ударните инструменти. Навистина има интерес за сите инструменти. Училиштето е големо и сме во можност да ги примиме сите деца коишто се заинтересирани да учат музика, изјави директорката на училиштето Сандра Зојчевска.
Во училиштето предаваат 17 професори. Нижото музичко училиште во Куманово е едно од најстарите во земјава, отворено во далечната 1946 година.ам/