• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МТСП: Понеделник 8 јануари неработен за сите граѓани

МТСП: Понеделник 8 јануари неработен за сите граѓани

Скопје, 5 јануари 2024 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ", бр.21/98 и 18/07), 7 јануари, Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 8 јануари (понеделник) 2024 година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед. вг/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан