• вторник, 24 декември 2024

МТСП: Грижата за децата и семејствата во социјален ризик е наш приоритет

МТСП: Грижата за децата и семејствата во социјален ризик е наш приоритет
Скопје, 18 февруари 2022 (МИА) - Продолжуваме со грижата за децата и семејствата во социјален ризик и тоа е наш приориет, истакнаа денеска во соопштение од Министерството за труд и социјална политика. Тие во информираат дека на 15-ти месецов е одржана средба на министерката Јованка Тренчевска и Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме Иднина“, кој денеска претстави истражување за децата питачи. Најавуваат дека во понеделник  следната недела ќе се одржи нова средба со директорот на Центарот за социјални работи - Скопје со цел продлабочување на соработката со здружението претставувано од Јовановиќ. На одржаната средба во Министерството, како што посочуваат, е разговарано за досегашните политики и преземени активности и мерки како и идните планови за сузбивање на појавата на питачењето и интеграцијата на овие лица во општествениот живот. Притоа беше потенцирано дека, заштитата и постапувањето со децата на улица е комплексен проблем и бара мултисекторско постапување на надлежните институции, граѓанските организации и поединците. За таа цел, како што се вели во соопштението, Министерството за труд и социјална политика во координација со Министерството за внатрешни работи во изминатиот период преземаат конкретни чекори за намалување на појавата од питачење кај децата на улица и нивните родители, кои вршат терански активности на веќе мапираните критични локации на територијата на град Скопје. - Поради зголемениот број на питачи, формирани се мобилни тимови составени од стручни лица од ЈУ МЦСР-Скопје кои во соработка со МВР, имаат изготвено месечни планови за теренски активности на целата територија на град Скопје. На терен, постапуваат инспектори за малолетници и стручни лица од Центарот, претставници од здруженија, кои преку превентивен и едукативен пристап  со децата  и нивните семејства, имаат за цел да ги воочат ризиците од оваа социо-патолошка појава. На територијата на Град Скопје, Министерството за труд и социјална политика има воспоставено два дневни центри за деца на улица и тоа: Кисела Вода и Шуто Оризари. Основна улога на Дневниот центар  за деца на улица е отстранување на децата од улица и нивна инклузија односно вклучување во општеството преку усвојување на различни социјални вештини, потенцираат од Министерството. Покрај работата со децата, од МТСП информираат дека се работи и со биолошките родители преку јакнење на нивните родителски капацитети, одговорно родителство и надминување на стереотипни однесувања, поврзани со припадност на одредена етничка група и вклучување во системот на социјална, детска и здравствена заштита.​фф/лв/

Остани поврзан