• недела, 19 мај 2024

Москва: Шест лица загинаа, десетици се повредени во украински напад на Белгород

Москва: Шест лица загинаа, десетици се повредени во украински напад на Белгород

Белгород, 6 мај 2024 (МИА) – Шест цивили загинаа, а уште 33 лица се повредени кога украински беспилотни летала нападнаа два автомобили во руската област Белгород, долж границата со Украина, соопшти регионалниот оддел на Министерството за вонредни ситуации на Русија.

- Украинската армија употреби беспилотни летала за да ги нападне автомобилите на компанијата Агро-Белгорје, кои превезуваа вработени во свињарска фарма. Како резултат на тоа, повеќе од 30 лица се повредени, а шестмина загинаа, се вели во соопштението што го пренесуваат руските агенции.

Началникот на округот Владимир Переверзерв на седница на регионалната влада потврди дека шест лица загинале, а десетици се повредени во напад со беспилотни летала на вооружените сили на Украина врз возила на земјоделска фарма во округот Борисовски на Белгородска област.

Гувернерот Вјачеслав Гладков на Телеграм соопшти дека се повредени 35 лица, меѓу кои и две деца. јт/

Остани поврзан