• петок, 22 ноември 2024

МОН: Заедно со УНДП ќе продолжиме да ги унапредуваме политиките за образование за сите

МОН: Заедно со УНДП ќе продолжиме да ги унапредуваме политиките за образование за сите

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска имала средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во земјава, Армен Григорјан, на која ја потврдиле заложбата да ја продолжат добрата соработка во областа на образованието, со особен фокус на обезбедувањето квалитетна поддршка за учениците со попреченост, како и образованието на возрасните.

На средбата, како што соопшти МОН, соговорниците разговарале за тековните состојби во образованието, отпочнатите и планираните активности во насока на подигнување на стандардите на услугите за граѓаните.

Министерката Јаневска напоменала дека промени веќе се случуваат во сите сегменти на образованието, додека пак, Григорјан потврдил оти УНДП ќе продолжи да обезбедува поддршка за проектите кои заеднички се реализираат, а ќе се заложат и за стимулација на младите за избор на образование во т.н. СТЕМ области (наука, технологија, инженерство и математика). хс/дма/

фото МОН

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан