• четврток, 19 декември 2024

Модриќ нема да се пензионира, планира да игра на СП 2026 година

Модриќ нема да се пензионира, планира да игра на СП 2026 година

Мадрид, 10 октомври 2024 (МИА) - Хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ нема наскоро да се пензионира. Како што пренесува „Марка“, Модриќ развил план за настап на Светското првенство во 2026 година во САД.

Модриќ неодамна го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една година, па во дресот на „галактикос“ ќе биде најмалку до крајот на 2025 година. Сепак, Хрватот и тогаш не планира да го напушти Реал.

Планот на Модриќ е да остане во Мадрид до крајот на сезоната 2025/26 со цел соодветно да се подготви за Светското првенство што Хрватска би го играла во САД.

По испаѓањето на „коцкастите“ на ЕП во групната фаза се зборуваше дека Модриќ ја завршил репрезентативната кариера, но тој сака да игра уште малку. 

За Хрватска одигра неверојатни 180 натпревари, а според информациите на шпанскиот медиум, таа бројка ќе продолжи да расте. дс

Фото: Архива

Остани поврзан