• петок, 22 ноември 2024

Моди: Индија е сега на Месечината

Моди: Индија е сега на Месечината

Њу Делхи, 23 август 2023 (МИА) - „Индија сега е на Месечината“, среќно извика индискиот премиер Нарендра Моди, обраќајќи им се на присутните во контролната соба на ИСРО, притоа честитајќи му на персоналот на контролната соба и на другите Индијци за ова значајно достигнување.

Откако индиското летало го постигна историскиот успех со безбедното слетување на Месечината, сега сите се прашуваат што тоа ќе прави таму и што ќе случува со „Чандрајан- 3“ во следните часови и денови.

Прво, вселенското летало ќе чека неколку часа за целосно да слегне лунарната прашина.Потоа, панелите на една од неговите страни ќе се отворат и ќе биде поставена рампа за лунарниот ропвер “Праџиан“ (Pragiaan), да може да се лизга по  површината.

Роверот потоа ќе истражува околу карпите и кратерите на Месечината, собирајќи клучни податоци и фотографии за да ги испрати назад на Земјата за анализа.

Леталото и роверот носат пет научни инструменти кои ќе помогнат да се откријат „физичките карактеристики на површината на Месечината, атмосферата блиску до површината и тектонската активност за проучување на она што се случува под површината“.

Датумот на слетување, исто така, беше внимателно избран за да се совпадне со почетокот на лунарниот ден - што е еднакво на 28 дена на Земјата - бидејќи на вселенското летало и батериите на роверот ќе им треба сончева светлина за да се наполнат и функционираат, јавува Би-би-си.

Со ова Индија стана првата земја која успешно слетала вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан