• петок, 22 ноември 2024

МНР: Мајка и две деца евакуирани од Газа

МНР: Мајка и две деца евакуирани од Газа

Скопје, 23 јануари 2024 (МИА) -  И последните тројца наши граѓани, мајка сo две деца кои претходно по сопствен избор беа останати во Газа, на нивно барање, во текот на изминативе 24 часа веќе се евакуирани оттаму. По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатено кон дома, информираат денеска од Министерстото за надворешни работи.

Со ова, велат од МНР, се заокружува бројот на нашите граѓани кои ги имаат контактирано нашите дипломатски конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да им се обезбеди асистенција при евакуацијата.

-Уште еднаш благодарност до канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) за нивната асистенција при трансферот на нашите државјани од египетскиот главен град Каиро до Скопје, се вели во денешното соопштение од МНР.

Оттаму потсетуваат на нивните контакти за пријава на евентуални наши државјани во Газа. СОС телефони на МНР-  075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +201033615542. сст/дма/

фото МИА архива 

 

Остани поврзан