• понеделник, 23 декември 2024

Млади реализираа еколошка акција во градскиот парк во Кавадарци

Млади реализираа еколошка акција во градскиот парк во Кавадарци

Кавадарци, 30 април 2024 (МИА) - Млади волонтери од Црвениот крст реализираа еколошка акција во градскиот парк во Кавадарци,  информираа денеска од кавадаречкиот Црвен крст. 

- Еко акцијата беше во рамките на програмата Црвен крст во акција, промоција на хумани вредности. Младите ЦКА-ПХВ волонтери од ООУ „Димката Ангелов Габерот", оваа година работат на еколошки проект насловен „Еко хармонија" . Овие младинци изминативе месеци беа доста активни, со цел да се подигне еколошката свест на повисоко ниво. Добија подршка од директорот и вработените  во ЈП „Комуналец" и од ЗШУЦ ,,Ѓорче Петров", земјоделско - шумарското училиште што им донираше растенија, а овие млади ги посадија во градскиот парк ,,Мишо Шкартов", појаснија од Црвениот крст. 

Младите изработиле и флаери со еколошка порака, што биле поделени на случајни минувачи низ градот.

- Oсмислија и реализираа неколку работилници на тема ,,Екологија",  што беа презентирани на најмалите ученици во ОУ ,,Димката Ангелов Габерот" и ООУ ,,Страшо Пинџур". И за крај  преку забавни игри, собраа парични средства и изработија куќички за птици, што ги поставија на дрвја во дворовите на ООУ ,,Димката Ангелов Габерот" и ООУ"Страшо Пинџур". Голема благодарност и до директорот и вработените во нивното училиште за безрезервната подршка, истакнаа од Црвен крст. 

Дисеминатор на сите групи на ученици кои работат на хуманитарните проекти и оваа година е Даниела Лазовска од Црвениот крст Кавадарци. свд/дма/


Фото : Црвен крст Кавадарци 

Остани поврзан