• понеделник, 23 декември 2024

Младите од Куманово сакаат еднаков и правичен свет

Младите од Куманово сакаат еднаков и правичен свет
Куманово, 8 март 2022 (МИА) - Жените од Куманово сакаат свет без предрасуди, свет во кој ќе има суштинска еднаквост, еднакви плати со нивните колеги од исти работни места, жената да не се третира само како столб на семејството, туку личност која несебично се вложува во кариерата, локалната заедница. Ова се пораките кои ги испратија кумановки на настанот кој го организираше мрежата на млади европски амбасадори пред платото на кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“. Млади музичари од кумановската гимназија преку мини концерт упатија порака за улогата и значењето на жените, нивниот придонес во градењето на светот и локалната заедница. - Настанот има концепт преку улична акција и интеракција со случајните минувачи преку кои ги дознаваат пораките што значи да се биде жена. Волонтерите ги запишуваат пораките и им делат честитки изработени од најмладите. Младите сакаат да покажат дека се залага за поубав, еднаков свет, без предрасуди со почитување и вреднување на сите, изјави Дамјан Златановски, млад европски амбасадор од Куманово. Вакви настани се одржуваат низ градовите од Западен Балкан. Мрежата на млади европски амбасадори, WeBalkans е основана во август 2020 година преку регионалната комуникациска програма за Западен Балкан, претставена од Генералниот директорат на Европската комисија за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) како креативна мрежа на идни млади придвижувачи на промени од целиот Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). Овие 120 млади визионери кои сега се веќе добро познати меѓу младите од целиот регион како „YEAs“, сакаат да научат за вредностите на ЕУ и да ги промовираат можностите што ги нуди ЕУ, но исто така тие се желни да споделуваат и да се заложуваат за различни теми како што се родова еднаквост, меѓу-културно образование, заеднички регионални младински иницијативи, заштита на животната средина, човекови права.ам/вј/

Остани поврзан