• недела, 22 декември 2024

Младите во ЕУ го напуштаат домот на родителите на 26,3 години просечно

Младите во ЕУ го напуштаат домот на родителите на 26,3 години просечно

Загреб, 2 октомври 2024 (МИА) - Според податоците на „Евростат" за 2023 година, младите во Европската Унија го напуштаат домот на своите родители на возраст, во просек - од 26,3 години. Просечната возраст се разликува меѓу државите-членки поединечно.

Највисока просечна возраст е забележана во Хрватска. Во оваа балканска земја младите во просек остануваат со своите родители до 31,8 години. По Хрватска, висока просечна возраст е забележана и во Словачка (31 година), Грција (30,6), Шпанија (30,4), Италија (30), Бугарија (30).

Од друга страна, во Северна Европа, младите многу порано го напуштаат домот на своите родители, статистички - под 23 години. Тука спаѓаат Финска (21,4 години), Данска (21,8), Шведска (21,8) и Естонија (22,8).

По нив следат Холандија, Франција и Германија, каде што просекот е меѓу 23 и 24 години.  си/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан