• понеделник, 15 декември 2025
Салеп – топол напиток

Салепот е ароматичен и густ топол напиток кој особено се ужива во студените денови. Подготвен со млеко или вода, со мирис на цимет и нежна кремаста текстура, овој пијалак носи чувство на топлина.

Состојки:

  • 500 мл бадемово или обично млеко
  • 1 лажица салеп во прав
  • 1–2 лажици шеќер или мед по вкус
  • 1 мала лажичка мелен цимет

Забелешка: Салепот може да се подготви и со вода.

Подготовка:
Во мал сад ставете го ладното млеко, шеќерот и салепот во прав. Загревајте на средна температура со постојано мешање.
Кога ќе почне нежно да врие и 2–3 пати ќе зоврие, смесата ќе почне да се згуснува. Тргнете од оган и сипете го салепот во две шолји.
Одозгора посипете со мелен цимет по желба.
Послужете веднаш, додека е топол, и уживајте во овој ароматичен напиток.

 

Фото: Фрипик

Тагови

Остани поврзан