• петок, 28 јуни 2024

Мицкоски: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии

Мицкоски: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари работна средба со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, на која беше финализирана конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите, соопшти владината прес-служба,

Со овој проект, како што се подвелекува, повеќе од 300 илјади македонски пензионери ќе добијат повисоки пензии почнувајќи од оваа година.

- Ваквото изборно ветување кое доби своја конечна форма ќе биде разгледано на првата седница на Владата, што ќе се одржи утре. Новата Влада останува посветена на исполнувањето на своите ветувања и продолжува да работи со посветеност за добробит на сите граѓани, се вели во владиното соопштение.

Премиерот Мицкоски на Фејсбук објави дека станува збор за изборно ветување кон пензионерите.

- Дадениот збор е светост, обврска и одговорност. Државата мора да се грижи за највозрасните. Во соработка со министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, министерот за социјална политика демографија и млади Фатмир Лимани, посветено работиме на итно изнаоѓање на решение кое ќе донесе повисоки пензии за над 300 илјади пензионери.
Утре, ова исклучително важно решение кое го ветивме на изборите ќе се дискутира на седница на Владата и со тоа ја покажуваме нашата посветеност да испорачуваме резултати и да работиме посветено и за сите, напиша Мицкоски на ФБ.мд/са/

Фото: Влада 

 

Остани поврзан