• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски - Хулман: Идната влада ќе биде посветена на реформите

Мицкоски - Хулман: Идната влада ќе биде посветена на реформите

Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Марија Митева и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски оствариле средба со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман.

На средбата,  се наведува во партиското соопштение, се разговарало за идните чекори на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на стабилна влада и била потенцирана силната посветеност на трите главни постулати - борба против криминалот и корупцијата, забрзан економски развој и реформите неопходни за евроинтегративниот пат на државата.

- Претседателот Мицкоски се заблагодари на амбасадорката за поддршката која Швајцарија и ја пружа на Македонија од осамостојувањето до денес и со сигурност се потврди и соработката која ќе се продлабочува и проширува во иднина, се додава во соопштението. дма/бак/

Фото: ВМРО - ДПМНЕ

 

Остани поврзан