• сабота, 17 август 2024

Мицкоски и Таравари во посета на Универзитетската Клиниката за дигестивна хирургија

Мицкоски и Таравари во посета на  Универзитетската Клиниката за дигестивна хирургија

Скопје, 16 август 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за здравство Арбен Таравари денеска (12:00) ќе ја посетат ЈЗУ Универзитетската Клиниката за дигестивна хирургија Скопје, соопшти владината прес-служба.

Воедно, ќе биде отворено комплетно реновираното одделение за дигестивна хирургија кое започна со реконструкција пред 30 дена во вредност од околу 700.000 евра, донација од Јапонската амбасада и подразбира набавка на нови кревети, плакари, врати и осветлување.

Исто така, преку Министерството за здравство годинава е набавена апаратура во вредност од 1.000.000 евра за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст.

Од владината прес-служба посочуваат дека е предидено Мицкоски и Таравари на настанот да дадат изјави за медиумите.са/дма/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан