Мицкоски: Ги повикувам органите и Обвинителството да се произнесат за кривичната пријава против мене од Левица
- Ги повикувам органитe и Обвинителството да се произнесат по кривичната пријава и доколку постои вакво кривично дело да постапи, рече премиерот Христојан Мицкоски во одговор на новинарско прашање да ја коментира поднесената кривична пријава против него од партијата Левица за наводно попречување на истрагата за Кочани.
Скопје, 28 мај 2025 (МИА) - Ги повикувам органитe и Обвинителството да се произнесат по кривичната пријава и доколку постои вакво кривично дело да постапи, рече премиерот Христојан Мицкоски во одговор на новинарско прашање да ја коментира поднесената кривична пријава против него од партијата Левица за наводно попречување на истрагата за Кочани.
-Јас сум тука, не бегам, ако сметаат деак сум згрешил. Јас сум тука и подготвен сум да одговорам. Се надевам дека професорите по право, како што се нарекуваат во Левица, дека подготвиле добра кривична пријава, а во спротивно да се извинат. Така функционираат работите во животот, јас барем така ги гледам, додаде во одговорот македонскиот премиер на денешната прес конференција во Владата.
Инаку, пратеничката група на Левица, потпишана од сите шестмина пратеници, денеска поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски за кривично дело попречување на правдата.рт/са/
Фото: МИА