• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски: Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе расправа за предлогот за референдумско изјаснување

Мицкоски: Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе расправа за предлогот за референдумско изјаснување
Скопје, 21 јули 2022 (МИА) - Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе расправа и ќе се произнесе по повеќе точки меѓу кои и за предлогот за референдумско изјаснување и за актуелната политичко-економска состојба во државата, информира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната посета на Општина Аеродром. - Денеска имаме седница на Извршниот комитет од деветнаесет часот, утре е Централниот комитет. Ќе разговараме за актуелните случувања. Исто така би сакал Извршниот комитет да се произнесе и за палењето на возилото на пратеникот во Прилеп. Прилеп овие денови е како Бејрут во најлошите времиња. Денеска повторно ново возило е запалено, односно во текот на ноќта, изјави Мицкоски. Во однос на референдумот, рече дека ќе се разговара за тоа кога би го почнале, како би го почнале и на што би се насочиле. - Да слушнеме што мислат членовите на Извршниот комитет на партијата рече Мицкоски. Како државотворна политичка партија, рече Мицкоски, треба да излеземе со наша позиција по неколку отворени прашања. цр/бак/  

Остани поврзан