• петок, 22 ноември 2024

Михаилоски : СДСМ ги слуша потребите и барањата на младите од Тетово

Михаилоски : СДСМ ги слуша потребите и барањата на младите од Тетово

Тетово, 10 август 2022 (МИА) - Претседателот на Социјалдемократската младина (СДММ) Марко Михаилоски во Тетово ја поддржа кампањата на кандидатите за советници кои ќе учествуваат на изборите за Совет на Општина Тетово на 20 август. Тој порача дека СДСМ ги слуша потребите и барањата на младите во Тетово.

-Преку одговорни политики, ја намалуваме стапката на младинската невработеност и ги унапредуваме условите за живот и работа на младите, за да останат дома, во своите родни места.Така е и овде во Тетово, со поддршка на централната власт овде се реализирани важни проекти за младите, истакна Михаилоски.

Тој порача дека кандидатите за советници на советничката листа на СДСМ и коалицијата се подготвени да работат одговорно и посветено за своите сограѓани особено за младите.-Поддршка на иницијативата за парк во Тетово, нов спортски центар, се само дел од проектите за кои ќе се залагаат нашите советници во идниот состав на Советот. Со СДСМ Тетово ќе се развива како модерна, европска општина. Затоа, ги повикувам сите млади на 20 август да излезат масовно и да дадат поддршка на советничката листа на СДСМ и коалицијата. Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово, истакна Михаилоски. ас/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан