Митески: Се организиравме да го исчистиме Аеродром од сметот
- Надвор од нашите надлежности, се организиравме да го исчистиме Аеродром. Чистиме насекаде, од Долно Лисче до Мичурин. Благодарност до општините: Илинден, Зелениково, Сопиште како и до многуте општествено-одговорни компании кои помагаат во целиот процес. Ќе издржиме уште 10 дена - Аеродром ќе го исчистиме, изјави денеска Дејан Митески, актуелен в.д градоначалник на Општина Аеродром и кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ кој влезе во вториот круг на локалните избори.
Скопје, 22 октомври 2025 (МИА) - Надвор од нашите надлежности, се организиравме да го исчистиме Аеродром. Чистиме насекаде, од Долно Лисче до Мичурин. Благодарност до општините: Илинден, Зелениково, Сопиште како и до многуте општествено-одговорни компании кои помагаат во целиот процес. Ќе издржиме уште 10 дена - Аеродром ќе го исчистиме, изјави денеска Дејан Митески, актуелен в.д градоначалник на Општина Аеродром и кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ кој влезе во вториот круг на локалните избори.
Општина Аеродром сама го чисти сметот од контејнерите, иако како што нагласува тој во изјавата за медиумите ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје под раководство на Данела Арсовска е надлежна за собирање на смет, празнење на контејнерите и чистење на општините на територијата на Град Скопје и за тоа се платени од граѓаните.
- Во изминатиот период или повеќе од 10 дена не се празнат контејнерите на територијата на општина Аеродром и не се подигнува отпадот од домаќинствата во Лисиче. Ние како општина поднесовме кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство - Скопје, како и до Министерството за внатрешни работи. Одговорноста има име и презиме и таа мора да се детектира. Од страна на комунални инспектори на општината ги казнивме два пати по 80.000 евра, но попусто, кај нив не владее здравиот разум, рече Митески.
ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје неколку денови не го собира сметот од скопските контејнери, па дел од општините во Скопје се самоорганизираат за собирање на ѓубрето, а постапка покрена и Јавното обвинителство. ев/дма/