• недела, 22 декември 2024

Министрите за здравство на ЕУ размислуваат за заеднички мерки против пандемијата

Министрите за здравство на ЕУ размислуваат за заеднички мерки против пандемијата
Брисел, 30 март 2022 (МИА) – Министрите за здравство на ЕУ денеска изјавија дека сакаат подобро да ги координираат различните национални политики за четврта доза вакцина против коронавирусот и побараа од извршната власт во Брисел да претстави план следната недела. - Денес гледаме земји кои отворија процедура за четврта доза за лица над 75 години, други за над 80 години, како што е случајот со Франција, додека Холандија ги вакцинира луѓето над 60 години со втор бустер, рече Оливие Веран, министерот за здравство на Франција, која во моментов претседава со Унијата. - Други сè уште не започнале, така што ова покренува легитимни прашања, рече Веран. Тој информира дека министрите побарале од Европската комисија да се координира со 27-те земји-членки, Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) и Европската агенција за лекови (ЕМА) за да се утврди заеднички став. - Пандемијата Ковид-19, се разбира, сè уште е со нас. Вакцинацијата е исто толку важна денес како и пред неколку месеци, рече еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес. - За жал, гледаме пад на вакцинациите во исто време со укинување на ограничувањата, и тоа е разбирливо, рече таа. Киријакидес рече дека сè уште има повеќе од 100 милиони невакцинирани или само делумно вакцинирани луѓе во Европа. - Вакцинирањето останува наше најдобро средство во борбата против пандемијата и мора да бидеме подготвени за есенските и зимските месеци, додаде таа. јт/

Остани поврзан