• вторник, 17 септември 2024

Министерот Спасовски положи цвеќе на бистата на македонскиот бранител Бобан Трпков

Министерот Спасовски положи цвеќе на бистата на македонскиот бранител Бобан Трпков
Скопје, 11 септември 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, положи цвеќе на бистата на Бобан Трпков, македонски бранител кој трагично го загуби својот живот како припадник на МВР во 2001 година, а постхумно беше одликуван со медал за храброст.
На својот фејсбук-профил, Спасовски напиша дека со длабока почит го положил цвеќето на бистата на македонскиот бранител.
Во објавата стои и дека во негова чест, денеска се одржал и 21. Меморијален турнир во мал фудбал, на игралиштето каде што растел херојот Трпков.
- Учество земаа припадници на МВР - Специјалната антитерористичка единица Тигар, Единицата за брзо распоредување, Интервентната полиција и СВР Скопје, наведе Спасовски. ар/дма/

Остани поврзан