• вторник, 05 ноември 2024

Министерот Лимани во Женева на Регионален состанок - Пекинг +30

Министерот Лимани во Женева на Регионален состанок - Пекинг +30

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир  Лимани од денеска е во дводневна посета на Женева, каде ќе учествува на Регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +30).

Лимани, како што соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади, во своето обраќање ќе зборува за досегашното спроведување на Пекингшката  декларација за родова  еднаквост и заложбите на земјата за наредниот пет годишен  период.

На Регионалниот состанок во Женева, учествуваат земјите потписнички на Декларацијата од Европа и дел од Азија, а претходи на главниот настан кој ќе се одржи 2025 година, во Генералното собрание во Њујорк, кога се одбележуваат 30 години од усвојувањето на Пекингшката декларација и платформа за акција.

Во делегацијата која ја предводи министерот Лимани се посебниот советник на министерот и шеф на Кабинет, Флутра Калиси и претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади од секторот Еднакви можности, Министерството за надворешни работи, на Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ) и на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија. дма/са/

Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Остани поврзан