Министерот Галант му пренел на Остин дека Иран подготвува воен напад од широки размери врз Израел
- Американскиот портал „Аксиос“ (Axios) објави дека израелскиот министер за одбрана Јоав Галант го информирал американскиот секретар за одбрана Лојд Остин дека Иран се подготвува за голем воен напад врз Израел
Вашингтон, 12 август 2024 (МИА) – Американскиот портал „Аксиос“ (Axios) објави дека израелскиот министер за одбрана Јоав Галант го информирал американскиот секретар за одбрана Лојд Остин дека Иран се подготвува за голем воен напад врз Израел.
Израелското Министерство за одбрана денеска потврди дека Галант разговарал со Остин и оти била разгледана оперативната и стратешката координација, како и за подготвеноста на израелската армија за заканите од Иран.
Во меѓувреме Остин нареди распоредување на подморници со наведувачки ракета на Блиски Исток. Американската војска веќе најави дека ќе распореди дополнителни борбени авиони и воени бродови во регионот за да ја зајакне одбраната на Израел.
Минатата недела заменик-командантот на Иранската револуционерна гарда изјави дека Техеран е подготвен да ја изврши наредбата на врховниот командант ајатолахот Али Хамнеи за „строго казнување“ на Израел за убиството на лидерот на палестинската милитантна група Хамас, Исмаил Ханија во Техеран на 31 јули. ми/.
фото: МИА архива