Министерката Јаневска ќе ја претстави стратегијата за образование 2026-2032
- Верзијата на стратегијата за образование 2026-2032 којашто ќе биде претставена се изработуваше во изминатите шест месеци. Ќе биде објавена на владиниот ЕНЕР систем со што се дава можност на пошироката јавност да учествува во креирањето и усвојувањето на финалниот стратешки документ со кој ќе продолжи развојот на националниот образовен систем, информира владината прес-служба.
Скопје, 24 ноември 2025 (МИА) - Во Владата денеска ќе се одржи валидациска работилница за стратегијата за образование 2026 – 2032, на која ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска и претставници на повеќе други институции, домашни и меѓународни партнерски организации.
- Верзијата на стратегијата за образование 2026-2032 којашто ќе биде претставена се изработуваше во изминатите шест месеци. Ќе биде објавена на владиниот ЕНЕР систем со што се дава можност на пошироката јавност да учествува во креирањето и усвојувањето на финалниот стратешки документ со кој ќе продолжи развојот на националниот образовен систем, информира владината прес-служба.лв/са/
фото: МИА архива