• среда, 07 август 2024

Министерката Божиновска на средба со претставници на ОМД

Министерката Божиновска на средба со претставници на ОМД

Скопје, 6 авгуист 2024 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска имаше работна средба со претставници на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

Со актуелниот директор на ОМД за Македонија и Европа, Гордан Јорданов и со ко-основачот потпретседателот Александар Митревски се разговараше за низа актуелни теми и трендови од областа на енергетиката, соопшти кабинетот на министерката Божиновска.

- Отворената и проактивна соработка со кадри кои своите кариерни портфолија ги градат  во земјите низ светот е од клучно значење за привлекување нови инвестиции со фокус на енергетиката. Сметам дека споделувањето на искуства од наши успешни и докажани професионалци – експерти  од  областите кои се предмет на дејствување на новото министерство, ќе бидат додадена вредност за претстојните  активности. Секоја подадена рака од различни страни е добредојдена во насока на реализација на идните планови на Владата, нагласи Божиновска на средбата со претставниците на ОМД.

Ресорното минстерство и во претстојниот период продолжува со низа средби со различни чинители, во насока на обезбедување платформа за интензивни инвестициски активности, се вели во соопштението од кабинетот на Божиновска.са/

Фото: кабинет на министерката Сања Божиновска

 

Остани поврзан